Македонија

(ВИДЕО) Испукани ѕидови, жителите во паника: Битола на нозе по серијата земјотреси кои се осетија во градот

Испукани ѕидови и луѓе на улици. Ваква е сликата во Битола по низата земјотреси во Лерин, Грција, кои се осетија во градот. Битолчани не сакаат да преноќат дома, од страв дека можеби ќе има посилни потреси. Фотографии и видеа има на социјалните мрежи, каде се гледаат жителите на Битола како седат пред домовите. Дел од нив, успеале да понесат ранци со најпотребни работи, пред се, за нивните деца.

„Искрено вртев 15 мин, немаше никаква мрежа додека да добијам било кој од моите… а за другово зошто нема, мислам дека си го знаеме одговорот, за жал…“, се пожалија на социјалните мрежи.

„Лошо ептен, се чув со моите, испопаѓало се, кај тетка ми ѕидовите испукани, на комшијата над нив телевизорот му паднал, сите се препотресени, излезена е надвор цела Битола скоро…“, се вели во второ сведоштво.

На почеток