(ВИДЕО) Механизација низ Ѓорче Петров, нема голомразица и снег по улиците

Од
Објавено на

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на социјалните мрежи објави видео на кое се чистат снежните наноси и се фрла сол низ улиците.
„Механизацијата, општинските екипи и фирмата ангажирана за справување со снежните наноси се на терен. Улиците се чисти и проодни, а со тоа и безбедни за сите жители на Ѓорче Петров.
Ќе се патролира и во текот на ноќта, ќе има дежурни тимови задолжени да внимаваат да нема голомразица и снег. Дел од улиците кои се под надлежност на Град Скопје, се чистат од нивни екипи“, стои во описот на видеото.
