Почина претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, Заев се прости
Од
Објавено на
Светските медиуми објавија дека починал претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Од него се прости и премиерот во заминување, Зоран Заев.
„Со голема тага ја примив веста за смртта на Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како голем поддржувач на европската идеја, нè поврза силното пријателство во споделување на највисоките европски вредности. Беше голем пријател на Северна Македонија и на нејзиниот народ и се залагаше ЕУ веднаш да ги исполни ветувањата за почеток на преговори со нашата земја. Нека почива во мир“, напиша Заев.