Македонија

Граделе куќи без одобрение за градба, па добија кривични пријави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ф.С.(67), Д.И.(77) и Ј.С.(58) сите од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На 21.10.2021 при преземени мерки од страна на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје – КЕЦ Кочани, било констатирано дека Ф.С. во текот на 2019-2020 година, на катастарска парцела започнал со изградба на два нови објекта, а Д.И. и Ј.С. во текот на 2017-2018 година, на истите катастарски парцели изградиле по еден нов објект- викенд куќа, без притоа да ја поседуват потребната документација односно одобрение за градба, а на штета на државата.

На почеток