Приведен дилер
Од
Објавено на
На 11.01.2022 година во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода В.Г. (34) од Куманово. Тој се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“. В.Г. бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово Скопје за издржување на казната.