Македонија

Наместо во изолација се шетале, полицијата поднесе кривични за пет лица

СВР Тетово и СВР Штип поднесоа пет кривични пријави против пет сторители: В.И.(39) од Гостивар, Б.Б.(41) од с.Форино, гостиварско, Н.Р.(39) од с.Неготино, Х.Л. од с.Долна Бањица, гостиварско и Ј.П.(46) од с.Добрево, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, во периодот од 09.09. до 01.11.2021, при извршена проверка од страна на полициски службеници не биле затекнати во својот дом, со што постапиле спротивно на решенијата за изолација издадени од страна на Министерството за здравство.

На почеток