Актуелно

(ВИДЕО) Австралија повторно му ја одби визата на Ѓоковиќ, објавена снимка како го носат во притвор

Откако Австралија повторно му ја одби визата, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашното сослушување, одново е вратен во притвор.

Ѓоковиќ уште еднаш ќе преноќи во злогласениот хотел, бидејќи објавувањето на конечната одлука е закажано за 9:30 часот по локално време, односно вечерва во 23:30 часот по средноевропско време.

До вечерашното судење, властите го сместија најдобриот светски тенисер во хотелот „Парк“, истиот хотел во кој беше и кога првпат пристигна во Австралија.

Се појави и првото видео на Ѓоковиќ снимено во моментот кога тој бил приведен.

„Тениската ѕвезда изгледа смирено и присебно“, го опишува однесувањето на Ѓоковиќ по сослушувањето, австралиски The Age.

На почеток