Филипче oперираше девојка која не можела да оди поради проблем со р’бетот
Од
Објавено на
Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил објави дека успешно е извршена операција врз млада пациентка.
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот ‘рбет, кој ѝ предизвикувал проблем со одењето. На моите колеги што ми асистираа во сала им благодарам. На пациентката ѝ посакувам што побрзо опоравување“, напиша тој на Фејсбук.