Македонија

Пронајдено тело во реката Пена

Денеска (16.01.2022) околу 11.40 часот во водите на р.Пена, во атарот на тетовско Фалише, пронајдено е телото на И.Л.(62) од Тетово, за кого на 31.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот. По добиената пријава, по И.Л. интензивно се трагаше со екипи на СВР Тетово, а во потрагата беа вклучени и кучиња-трагачи. Лекар констатирал смрт, извршен е увид од страна на полициски екипи во координација со Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

На почеток