Македонија

Бугарите да влезат во македонскиот Устав бара бугарскиот премиер, а за него не постојат Македонци во Бугарија

Со амбасадата на САД во Бугарија, ниту јас ниту други членови на бугарската влада не разговарале за т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за тоа не може да се зборува, рече бугарскиот премиер, Кирил Петков, објаснувајќи во интервју за БТВ околу темата за разговори на бугарската влада со амбасадата на САД на оваа тема.

Петков порача и дека постои усогласен став на бугарската политика, потврден од Консултативниот совет за национална безбендост пред една недела, дека позицијата на Бугарија кон Севрна Македонија не е променета, туку е само надградена со работни групи.

Бугарскиот премиер го потврди инсистирањето бугарското малцинство во Република Македонија да влезе во Уставот на земјата, додавајќи дека никогаш не навел точен рок за решение на спорот.

„Ова треба да биде во функција само со резултат врз основа на овие работни групи. РСМ ќе влезе во ЕУ кога позицијата на Бугарија ќе биде усогласена. Сакаме правата на Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот Устав“, изјави Петков во одготворот за БТВ, а во врска со компромисите кои Бугарија е подготвена да ги направи рече дека може да биде иницијатор за пуштање на авио-линија Софија-Скопје како прв чекор.

Петков заедно со шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски и потпретседателот на Народното собрание во вторник ќе допатува во прва официјална посета на Скопје.

На почеток