Актуелно

Пандемијата може да заврши оваа година, иако вирусот можеби никогаш нема да исчезне

Шефот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации Мајкл Рајан денеска изјави дека пандемијата на коронарниот вирус може да заврши оваа година доколку брзо се решат проблемите со достапноста на вакцините и лековите.

Зборувајќи за време на панел дискусија организирана од Светскиот економски форум, д-р Рајан рече дека „вирусот можеби никогаш нема да исчезне“, бидејќи таквите пандемични вируси „на крајот стануваат дел од екосистемот“, пишува агенцијата АП, пренесува Танјуг.

Но, како што наведе, има шанси годинава да заврши вонредната состојба во јавното здравство доколку се направат работите за кои веќе се разговарало. СЗО оцени дека постои нерамнотежа во вакцинацијата против коронавирусот меѓу богатите и сиромашните земји и оцени дека тоа е „морален неуспех“.

Според АП, помалку од 10 отсто од луѓето во посиромашните земји примиле една доза од вакцината против коронавирус.

Претставниците на јавното здравство предупредија дека веројатно нема да се искорени корона вирусот и велат дека ќе продолжи да убива луѓе, иако на многу пониски нивоа, дури и откако ќе стане ендемичен.

На почеток