Коронавирус

Од понеделник нови правила за влез во Австрија

Во Австрија од понеделник ќе има полабави мерки, па така секој што примил три дози од вакцината против коронавирус, без разлика од која земја доаѓа, ќе смее да влезе.

Причината за олабавување на мерките за влез во земјата е што и во Австрија доминантен е сојот омикрон.

Од понеделник важи правилото таканаречено „2G плус“ за сите граѓани од сите земји, што значи дека вакцинираните или излекуваните можат да влезат во земјата доколку имаат негативен ПЦР тест.

Секој кој примил бустер доза може да влезе во Австрија без тест.

На почеток