Коронавирус

Рекорден број на заразени во Шведска за 24 часа

Рекордно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот е забележан во Шведска, откако 39.938 лица биле позитивни на тестот за Ковид 19 во последните 24 часа, покажуваат податоците објавени од Шведската здравствена агенција.

Во Шведска е забележан рекорден пораст на бројот на заразени со ширење на сојот омикрон на коронавирус.

Претходниот рекорд беше поставен во вторник, на 18 јануари, кога во Шведска беа регистрирани 39.321 случај на зараза.

Шведската влада неодамна воведе нови ограничувања поради сојот омикрон, кој брзо се шири и врши притисок врз здравствениот систем на земјата.

На почеток