Актуелно

Камион со 100 мајмуни направи сообраќајка, животните избегаа, а полицијата со хеликоптер трага по нив

Камион кој превезувал 100 мајмуни доживеал сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти државната полиција.

Во тек е потрага по животните кои побегнале од оштетеното возило.

Властите побараа од жителите да ја повикаат државната полиција доколку ги забележат животните кои избегаа од камионот.

WNEP известува дека четири мајмуни моментално се во бегство, а полицијата трага по нив со хеликоптер.

На почеток