Актуелно

За една недела 11.610 новозаразени со ковид

Тестирани се вкупно 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,6% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела (n=11.115). Процентот на позитивност се движи од 23,6% до 34,4%, просечно 29,1%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (52,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево

Со статус „оздравени“ се стекнале 7.627 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25,0% во однос на претходната недела.

Пријавени се 97 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, за 76,4% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (38).

Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 550 лица, а од нив 341 се на кислородна поддршка и 27 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (59,1%), кашлица (44,6%) и малаксаност (43,1%).

На почеток