Актуелно

Темата за улици дизајнирани за посакуваните брзини станува актуелна секогаш кога ќе се изгуби човечки живот

Темата за улици дизајнирани за ПОСАКУВАНИТЕ брзини станува актуелна секогаш кога ќе се изгуби човечки живот, велат од граѓанската иницијатива „На точак“.

„Но освен поединечни чекори како патната диета на булеварите „Климент Охридски“, „Кочо Рацин“ и „Кирил и Методиј“ (со која тие добија велосипедски ленти , но со која и лентите за автомобили станаа ленти за 50 km/h, наместо за 90 km/h) и редизајнот на ул „Орце Николов“ (со кој од улицa за 50 km/h стана улица за 30 km/h), СИСТЕМСКИ ПРИСТАП за побезбедни градски и општински улици нема.

Визија, стратешки насоки кои ќе важат за секој проект за секоја улица за секоја општина нема. Додека имаме вакви прогресивни примери, паралелно ни се случуваат и регресивни практики, односно се градат или реконструираат улици за големи брзини на автомобилите.

Се надеваме тоа ќе се промени со изработката на документот #ВизијаНула од Град Скопје“, додаваат тие.

На почеток