Актуелно

Баже Илијоски – Палте е новиот советник на Костовски

Спортистите, спортските работници и љубителите на спортот не треба да имаат грижа за развојот на спортот во Општина Бутел, вели градоначалникот Дарко Костовски

„Од денес мој личен советник и помошник во областа на спортот ќе биде еден од најдобрите интернационалци и македонски фудбалери бутелчанецот Баже Илијоски – Палте.

Баже Илијоски е долгогодишен фудбалски репрезентативец, дел и од сениорската А селекција. Тој во својата богата меѓународна кариера има настапувано во Малезија, Јужна Кореа, Јапонија, Тајланд, Романија, долг период капитен на македонски Работнички, стрелец е на над 150 прволигашки голови и пет кратен освојувач на македонското првенство и купот.

Околу советите и помошта за спортот волонтерски ќе бидат вклучени и неколку легендарни спортски имиња кои се родени и живеат во Општина Бутел.

Општина Бутел изобилува со спортисти кои оствариле врвни спортски резултати, олимписките медалисти Шабан Трстена, Шабан Сејди и Дејан Георгиевски се олимписка гордост на Македонија но и на Општина Бутел.

Елиф Елмас, Ѓеорги Чековски, Ристе Деловски, Баже Илијоски, Борко Ристевски, Лазе Мајнов, Филип Додевски, Мартин Клинчаров, Игор Станојоски, Вероника Костовска, Чедо Николовски, Анамарија Геогиевска, Александре Стајковски, Нена Трајчевска се исто така елитни спортисти кои постигнале врвни спортски резултати, во таа смисла овој тренд треба да се поттикнува за да се создадат што поголем број на вакви спортски икони.

Општина Бутел за текот на 2022 година но и за периодот од следните четири години ќе спроведе сериозна спортска стратегија во спортската инфратруктура и генерално развојот за спорот, ова е дел од истата:

Стипендии за млади успешни спортисти до 18 годиншна возраст од Општина Бутел
Стипендии за сениори успешни спортисти од Општина Бутел
Финансиска помош на спортски клубови од Општина Бутел
Организирање на мини детски олимписки игри за учениците од основните училишта на територија на Општина Бутел
Моментално во финална фаза е изградба на две врвно квалитетни баскет игралишта на отворено во Бутел 1 и Радишани. Игралиштата се со кошеви и подлога лиценцирани од светската кошаркарска асоцијација.
Ќе се градат нови но и ќе се реконструираат сите постојни спортски игралишта во сите населени места, игралишта за мал фудбал, баскет, ракомет, одбојка и тн.
Ослободување од чланарина во клубовите за деца кои што се во социјален ризик
Блиска соработка со спортистите и тренерите на сите клубови кои потекнуваат и работат на територија на Општина Бутел
Започнување со градба на олимпискиот спортски центар св. Климент Охридски’, вели градоначалникот.

На почеток