Коронавирус

Над 100.000 заразени со ковид во Русија за еден ден

Бројот на заразени со корона вирусот во Русија денеска надмина 100.000 заразени, што е најголем број заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Кризниот штаб.

Русија соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 113.122 случаи, што е последица на ширењето на сојот омикрон, пренесоа руските агенции.

Во Русија во претходните 24 часа починаа 668 пациенти, а во петокот бројот на починати од Ковид ја надмина бројката од 700.000.

На почеток