Коронавирус

Речиси 38.000 нови случаи на коронавирус во Украина

Украина регистрираше рекорден број нови случаи на коронавирус за еден ден, 37.351, соопшти Министерството за здравство.

Претходно, најмногу новозаразени беа потврдени претходниот ден – 34.408, пренесува Ројтерс.

149 лица починаа како последица на Ковид-19, така што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата надмина 100.000.

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот во Украина се регистрирани 4,02 милиони случаи, а починале 100.031 лице.

На почеток