Коронавирус

Денес најмногу починати во болницата во Сплит, недостигаат повеќе од 400 медицински сестри

Проблем со недостиг на кадар има КБЦ Сплит, на која и недостигаат повеќе од 400 медицински сестри. Во оваа болница само денеска починаа 15 пациенти.

– Тежок ден во Клиничкиот болнички центар Сплит, никогаш претхоно немало толку починати во еден ден од почетокот на пандемијата. Природната селекција ја гледам на дело, практично умираат невакцинирани, стари, тешко хронично болни луѓе кои доаѓаат со корона вирус, изјави Иво Ивиќ, директор на Клиниката за инфективни болести на Клиничко болничкиот центар Сплит.

– Тоа се луѓе воини, тоа е битка за секој живот. Кој не бил тука, не може да знае – вели Борис, кој помина низ тешка форма на болеста. Тој вели дека дошол во болница речиси мртов и бил спасен. Тоа никогаш не може да се заборави, додава тој.

– Секој ден се надеваме дека ќе биде полесно, дека луѓето ќе почнат да се вакцинираат, дека помалку ќе доаѓаат во болница. Но, овие последни месеци е невозможно, исцрпени сме, без слободни денови – додава Јадранка Марас, главна медицинска сестра на одделот на КБЦ Сплит.

Во болницата постојано недостасуваат неколку стотици медицински сестри, а четвртина од медицинските сестри се распоредени на одделението за Ковид, вели Иванка Ерцеговиќ.

– Кога ќе ни се случи некој да испадне од тимот, има одреден број колеги кои волонтираат, бидејќи се е засновано на добра волја да се удвои смената – вели Михаела Фајфер, главна медицинска сестра на Центарот за респираторна интензивна нега на КБЦ.

Медицинската сестра Инес Варговиќ додава дека мора да размислуваат за постарите медицински сестри, но и за помладите кои се уште не се снаоѓаат.

На почеток