Шест лица се повредени кога маж со кола удрил во ѕид од црква во Колумбус, во Охајо. Во моментот кога удрил во ѕидот, во црквата имало утринска служба.
Пожарникарите соопштија дека повредените се здобиле со исеченици. Од полицијата се уште нема информации за идентитетот на возачот на автомобилот, ниту пак за неговиот мотив.
Инцидентот се случил во моментот додека вернците пееле, а автомобилот го пробил ѕидот од црквата.