Свет

281 жртва во цунамито во Индонезија, евакуирани 12.000 жители

Стотици полицајци и доброволци се обидуваат да најдат преживеани по цунамито кое ја погоди Идонезија. Најмалку 281 лице го загуби животот, а повеќе од 1000 се повредени.

Околу 12.000 жители се присилно евакуирани.  Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде во сила до 25 декември.

– Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома, соопшти Агенцијата.

Цунамито во саботата вечер по локално време ги погоди крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, и беше предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток