Свет

Босна има најмногу иселеници, а Македонија во регионов на третото место

Дури 43,5 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина, живеат надвор од матичната држава, а најголем дел од нив живеат во Хрватска. Ова го покажа мапата на картографот Јакуб Марин, пренесува „Клих.ба“.

Во регионот, пак на второ место е Албанија, од каде се иселиле 38, 8 посто од жителите, по што следи Македонија со 24,8 проценти од кои најмногу во Турција. Од Црна Гора заминале 22,1 отсто, од Хрватска 20,4 отсто, а од Србија 10,9 проценти од жителите.

Според овие податоци, најголем број Словенци се преселиле во Германија, a Албанци во Италија.

Во светски рамки, Германците се селат во САД, а Британците во Австралија, пренесе „Клих.ба“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток