Свет

Заспал на воланот и се забил во горниот дел на тунел

Сообраќајна несреќа за среќа без жртви се случи во Словенија, за што објавено е застрашувачко видео.

Бе-ем-ве, што го управувал 44-годишен маж, одеднаш, пред тунел, со голема брзина удрил во банкина покрај патот, налетал на косина што послужила како рампа да го лансира во воздух, по што возилото се забило во горниот дел на тунелот и повторно паднало на коловозот.

Првичните резултати од истрагата покажале дека возачот најверојатно заспал на воланот. Возачот, за големо чудо, поминал со лесни повреди.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток