Американски генерал предупредува: Киев може да падне во рок од 72 часа


Началникот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Марк Мили, им рекол на конгресмените дека Киев може да падне во рок од 72 часа доколку има „целосна руска инвазија“ на Украина, изјавија повеќе извори во Конгресот за Фокс њуз.
Се наведува дека тоа Мили им го кажал на конгресмените на брифингот зад затворени врати на 2 и 3 февруари. Тој исто така изјави дека, доколку има „инвазија“, би можеле да загинат 15.000 украински и 4.000 руски војници.
Неколку конгресмени изразија загриженост дека Вашингтон не реагирал брзо за да обезбеди значителна воена помош за Украина, како што се противвоздушни и ракетни системи, но официјални лица на состаноците рекоа дека значителна воена помош за Украина може да се искористи како изговор за руски напад.
На брифинзите, меѓу другите, присуствуваа и американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин.
