Магазин

Тинејџерот кој го следеше авионот на Илон Маск, сега ги следи и Џеф Безос и Бил Гејтс

Деветнаесетгодишниот Џек Свини од Флорида, кој од неодамна почна да го следи авионот на Илон Маск, сега почна да ги следи авионите и на милијардерите Џеф Безос и Бил Гејтс.

Свини рече дека во иднина планира да направи уште 10 профили на „Твитер“, од каде ќе можат да се следат авионските летови на уште десетмина богати и славни лица. Во интервју за „Гардијан“ рече дека направил веќе 16 автоматизирани твитер налози, или ботови за да ги следат авионите.

Покрај на Маск, тој веќе им влегол во трага и на милијардерот Марк Кубан и раперот Дрејк. Свини кој е заљубен во воздухопловството направил и свој веб-сајт, Ground control и во иднина планира да им наплаќа на сите оние кои ќе сакаат да ги следат летовите на познатите лица.

На почеток