(ВИДЕО) GP повеќе нема да биде јутубер


Марко Марковиќ, познат како GP смета дека е време за ново поглавје од неговиот живот. Имено, ова 22-годишно момче реши дека е време да стави крај на неговата кариера на Јутјуб и да се посвети на програмирањето, неговата втора пасија.
Во последното видео на неговиот канал, тој се потсети на сите убави моменти коишто ги доживеал на Јутјуб, но зборува и за лицемерието и љубомората коишто се присутни кај луѓето од јавната сцена.
„Благодарение на Јутјуб, цело време се спојувам со погрешни личности. Мислам дека не запознав ниту еден асален човек преку Јутјуб. Кај 99 отсто од луѓето коишто се во овој бизнис има многу лицемерие, многу зборување позади грб, многу љубомора, многу алчност за пари“, вели Марко.
