Детали за сообраќајката во која учествуваа Бесими и Бектеши
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/02/soobrakajka-1.jpg)
Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство интензивно работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Владата на РСМ.
„Вчера околу 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. За несреќата се известени дежурен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот: алкотестирање, обезбеден видео запис од безбедносните камери, изјави од сведоци итн. Во најбрз можен рок случајот ќе биде расчистен и јавноста ќе биде соодветно известена“, се вели во соопштението од МВР
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)