Со фалсификувани пари се плаќа во Струга
На 07.02.2022 во 23.15 часот во ОВР Струга, вработен во спортска обложувалница на ул.„Маркс Енгелс“ пријавил дека во 22.12 часот во обложувалницата две лица му побарале да им размени банкнота од 100 евра, за која подоцна утврдил дека е фалсификат. Банкнотата била одземена за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.02.2022 во 12.45 часот во ОВР Струга, вработен на бензинска пумпа на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга пријавил дека во 03.50 часот на бензинската пумпа две лица платиле за купени производи со банкнота од 100 евра, за која по извршена проверка во менувачница било потврдено дека е фалсификат. Банкнотата била одземена за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.