Актуелно

Сали за починатите од ковид: Можам да почувствувам одреден дел на вина, тоа е и причина да се справиме со ситуацијата

Министерот за здравство, Беким Сали во емисијата „Само вистина“ одговараше на прашање од Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кого го интересираше дали чувствува вина за 180 починати пациенти од коронавирус во последниот период.

„Можам да почувствувам одреден дел на вина поради тоа што сносам јавна одговорност за секој потег кој се прави од страна на сите здравствени работници. Истовремено, се чувствувам и доволно мотивиран да се справам со овој глобален проблем. Јас би побарал од опозицијата да апелираат за вакцинација, а помалку префрлање топка за чувство на одговорност или критики кои не се базирани на реалноста со која се соочуваме. И јас имам изгубено блиски роднини, нормално дека лошо се чувствувам. Но тоа не е причина да критикувам одредени лица, министер или лекар. Тоа е дополнителна причина да се справам со оваа ситуација“, кажа Сали.

На почеток