Грција останува посветена на Договорот од Преспа, објави синоќа грчкото МНР, веднаш по завршувањето на гласањето на референдумот во Македонија за Договорот. Според нивната оценка, резултатите од референдумот се контрадикторни, бидејќи голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам. Грција, како што се посочува, го почитува изборот на граѓаните од соседната земја. Сепак се додава дека ,според нив, климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од договорот и го спречуваат заемното разбирање меѓу народите. –
„Следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа, додаваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во соопштението за резултатите од референдумот. Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас синоќа по завршувањето на гласањето, имале телефонски разговор. Како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, Ципрас го поддржал Заев за „одлучноста и храброста да продолжи со спроведувањето на договорот“.