Македонија

Арифи: Нема 800 договори на дело, Касами ги објави сите уплати кон физички лица

Теута Арифи, поранешната градоначалничка на Тетово, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека општината немала над 800 договори на дело на годишно ниво, туку дека тоа биле повремени исплати кон физички лица по разни основи.

– Нема 800 договори на дело. Касами ги објави сите уплати кон физички лица во 2021. Тука има членови на комисии, исплати врз основа на одлуки на Совет и разни исплати кон физички лица. Тоа не значи дека тие се под договор на дело. Тоа е тенденција да се направи приказна, рече Арифи.

На почеток