Македонија

„Падна” Даути, изгласана интерпелацијата за нејзината работа

Пратениците со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути од Европскиот фронт.

Барањето за интерпелација ја поднесе пратеничката група на Левица.

Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. Собраниската сала ја напуштија пратениците на СДСМ чиј Закон за бранители беше и повод за интерпелацијата. Даути како претседателка на Комисијата не го ставаше на дневен ред предлогот на СДСМ.

Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата.

Според распоредот на силите во Законодавниот дом, претседателското место во оваа Комисија му припаѓа на Европскиот фронт. Тие најавија дека повторно за ова место ќе ја предложат Даути.

На почеток