ДУИ ретерира: Исчезна воинственото видео со Ахмети кој вели дека никогаш не изгубил војна
Воинственото видео со Али Ахмети поврзано со конфликтот во 2001 и неговата порака дека никогаш не изгубил војна мистериозно исчезна од социјалните мрежи.
ДУИ видеото на социјалните мрежи го објави во исто време кога американскиот претседател Џо Бајден објави нова извршна наредба за проширување на рамката за Американската црна листа со која се прошируваат условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.
Членови на ДУИ масовно го проширија видеото на социјалните мрежи, а набргу и го избришаа.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека дошло времето кога секој треба да се соочи со правдата.
„Кога некој е кабает и тоа голем кабает, нормално е дека ќе пробува да дефокусира, да измислува теми кои не се тема, да наметнува прашања кои се затворени многу одамна. Ова само би го оценил како неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од тоа што е реалност, а тоа е дека заврши времето кога криминалците не одговараа. Заврши времето кога нивните предмети се буткаа под тепих и дојде времето кога секој еден треба да се соочи со правдата”, изјави Тошковски.