Македонија

Во вторник протест на вработените од шест министерства и од статистика

Во вторник на незадоволството на вработените од Државното правобранителство ќе им се приклучат и вработени од шест министерства и од Државниот завод за статистика.
Тие бараат потпишување на колективен договор со кој ќе имаат 30 проценти додаток на плата.

Протестот би траел половина час пред зградите на министерствата за култура, животна средина и просторно планирање, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд и пред статистика.

На почеток