Актуелно

Гол маж држел 80-годишна старица во заробеништво 17 часа, ја спасила онлајн игра

Постара госпоѓа од Чикаго била спасена по 17-часовна заложничка драма која била решена на неверојатен начин: со помош на одговорот кој недостасувал во популарната онлајн игра Wordle, пишува BBC.

Дениз Холт (80) била сама дома во Илиноис на 5 февруари, кога ментално нестабилен и целосно гол напаѓач упаднал во нејзиниот дом.

Нејзината ќерка во Сиетл забележала дека нешто не е во ред бидејќи нејзината мајка не ѝ испратила одговор на нејзината редовна секојдневна задача во Wordle. Осомничениот за нападот сега се соочува со неколку кривични пријави.

Денис Холт наводно спиела во својот кревет кога 32-годишниот Џејмс Х. Дејвис влегол во куќата и и се заканил со ножици. Тој бил целосно гол и крвав бидејќи се исекол на прозорското стакло кое го скршил за да влезе во куќата.

„Мислев дека сум готова. Бев во шок. Само сакав да преживеам“, изјави Холт.

Иако и рекол дека нема да ја повреди, провалникот ја натерал старицата да се избања со него, по што од кујната извадил два ножа, го исклучил телефонот и ја заклучил во подрумската бања.

Од другата страна на земјата, во Сиетл, нејзината ќерка Мередит Холт-Калдвел забележала дека нејзината мајка не одговорила на пораката што и ја испратила и дека не испратила одговор на дневната задача на Wordle, која ја правела секој ден.

„Тоа ја збуни“, рече г-ѓа Холт.

Ќерката ја алармирала полицијата која на 6 февруари дошла да ја провери госпоѓата. Кога наишле на Дејвис, потребна била помош од интервентниот тим, кој на крајот успеал да го уапси киднаперот.

Полицијата соопшти дека Дејвис сега се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и едно за упад во куќа со смртоносно оружје, киднапирање и напад на службено лице. Г-ѓа Холт не била повредена за време на инцидентот.

„Никогаш не мислев дека може да се случи вакво нешто, но се случи. Имав многу среќа“, изјави Холт.

Играта Вардли, која Њујорк Тајмс ја купи во јануари за тајна сума, им дава на играчите по еден скриен збор од пет букви секој ден што мора да го погодат од шест обиди.

На почеток