ВМРО-ДПМНЕ блокира закон со кој 4.700 наставници ќе добијат трајно вработување, вели СДСМ
Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници, вели СДСМ.
„Цела година ВМРО-ДПМНЕ блокира закон во Собранието за поголеми плати на наставниците и наставничките, блокира закон со кој 4.700 наставници во основното и средно образование ќе добијат трајно вработување.
Оваа партија беше против поголема минимална плата.
СДСМ е на страна на работниците и со СДСМ растат платите, додека ВМОР-ДПМНЕ се обидува само нешто да блокира.
За четири и пол години во три наврати СДСМ ја зголемува минималната плата и таа е двојно поголема отколку во 2017 година и изнесува 18.000 денари.
Покрај минималната плата, во овие четири и пол години бележиме сериозно зголемување и на платите во образованието, здравството, детската и социјалната заштита, полицијата, судството и одбраната“, се вели во соопштението.