Министерката за култура ќе го доградува театарот кој го почнаa Груевски и Канческа-Милевска
Министерство за култура ја објави програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи во областа на културата за 2022 година.
Во листата која е објавена стои и изградба на објект наменет за НУ Турски театар за која се предвидени 100.000.000 денари.
Неизвесно е дали ќе се гради целосно нов објект или ќе се продолжи со изградбата на веќе започнатиот во 2014 година.
Театарот на локацијата во близина на Железничката станица во Скопје, почна да се гради во 2014, како еден од капиталните проекти на тогашната Влада со премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Според тогашните најави, карабината на театарот ќе ја финансира Министерството за култура, а за втората фаза пари ќе даде Турција.,
Карабината е завршени за сума од 301.092.183,00 денари (скоро 5 милиони евра) со вклучен ДДВ.