Македонец фатен на албанско – косовска граница со скоро 17.000 евра
Од
Објавено на
Maкедонски државјанин на возраст од 42 години е приведен на граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница при обид да замине со 16.950 евра.
„Лицето А.С. патувало со возило мерцедес бенц и на втората контрола при влез на албанска територија му бил откриен непријавениот износ на пари. Тој претходно на прашањето дали има нешто да пријави, одговорил негативно“, пренесуваат албанските медиуми.
Парите биле скриени во возилото. Тие се запленети, а против А.С. е поднесена кривична пријава за „непријавување пари и вредни предмети на граница”.