Зеленски: Најдобар пријател на нашиот непријател е паниката во нашата земја


Неколку илјади Украинци се собраа денеска во Киев за да покажат единство околу наводната закана од руска инвазија.
Демонстрантите одржаа протестен марш низ центарот на Киев и извикуваа „Слава на Украина“, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Украинците ќе се спротивстават“ и „Напаѓачот мора да умре“, пренесува Ројтерс.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска им порача на граѓаните да останат смирени и да покажат единство.
„Најдобар пријател на нашиот непријател е паниката во нашата земја“, рече Зеленски.
Соединетите Американски Држави и бројни западни влади ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина, а Вашингтон објави дека наредил поголем дел од персоналот на американската амбасада во Киев да ја напушти украинската престолнина, јавува Ројтерс.
