Петмина членови на ОН киднапирани во јужен Јемен


Петмина членови на персоналот на Обединетите нации се киднапирани во јужен Јемен, на враќање во градот Аден по теренска мисија, соопштија денеска Обединетите нации.
Персоналот бил киднапиран во петокот во провинцијата Абјан, изјави портпаролот на највисокиот функционер на Обединетите нации во Јемен, пренесува Ројтерс.
– Обединетите нации се во постојан контакт со властите за да обезбедат нивно ослободување, изјави портпаролот на ОН во Јемен.
Меѓународно признатата влада на Јемен е во Аден од 2014 година, кога бунтовниците Хути ги протераа од главниот град Сана.
Конфликтот во Јемен ескалираше во 2015 година, кога коалицијата на арапски држави предводена од Саудиска Арабија започна воена операција против Хутите, кои се поддржани од Иран.
Десетици илјади луѓе загинаа во овие битки, а беше предизвикана застрашувачка хуманитарна катастрофа, при што милиони луѓе беа на работ на глад, според Ројтерс.
