Османи: Дипломатите ќе останат во Украина, а нивните семејства ќе се вратат во Македонија


Министерот Бујар Османи повторно упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Украина.
„Во однос на состојбата во Украина, МНР има направено неколку планови за различни активности во различни сценарија. Првиот план беше јавниот повик до државјаните на Македнија да ја напуштат земјата. Ги мапиравме нашите држајани, имаме неколку категории на наши луѓе во Украина. Првата категорија се нашите дипломати и нивните семејства, втора категорија се околу 30 набљудувачи кои се дел од ОБСЕ и третата група се околу 40 лица и членови на нивните семејства кои поради некои причини се во државата. Во Украина има околу 100 наши државјани. Во врска со дипломатите, станува збор за двајца констатиравме дека тие се суштествен персонал во нашата амбасада, бидејќи немаме одлука за затварање на амбасадата, тие засега ќе останат, се додека не донесеме поинаква одлука“, изјави денеска Османи.
Тој додаде дека семејствата на дипломатите ќе се вратат во Македонија, а на ОБСЕ ќе останат во Украина.
