Апсења во Велес, Штип и Тетово поради повеќе видови дрога


На 12.02.2022 во 15.45 часот во Неготино од полициски службеници од СВР Велес лишени се од слобода М.Т.(25), С.С.(22) и Н.П.(25), сите од Неготино, кои биле во патничко возило „опел“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С., затоа што при преглед е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.02.2022 во 01.50 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип приведени се К.Ј.(20) од с.Стар Караорман, штипско и Б.М.(19) од Штип, затоа што кај К.Ј. се пронајдени дробилка и ќесе со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Л.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.01.2021, при претрес во домот на пријавениот, бил пронајден и одземен кокаин.
