Стравот си го прави своето, Мицкоски го прати Наум Стоилковски да попречува изјава за криминал на ВМРО-ДПМНЕ, вели власта

Од
Објавено на

„Голем е стравот кај Христијан Мицкоски од тоа што сиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ излезе на површина преку признанија на поранешни високи партиски функционери“, вели СДСМ.
Оттаму додаваат:
„Затоа Мицкоски денеска го прати Наум Стоилковски за да попречува изјава за криминал на неговата партија.
ВМРО-ДПМНЕ се уште е режимска партија, но Мицкоски и сите во раководството на партијата треба да знаат дека заврши времето кога на сила ги замолчуваа оние кои ја зборуваат вистината.
Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки и да се повлечат од политиката, наместо да се обидуваат да ја попречат вистината“.
