Магазин

Украл морска вода од Јадранското море, мора да плати 1.500 евра

Германец, кој овие денови бил на плажа во близина на Трст во својот камион натоварил 24.000 литри морска вода, е приведен од локалната полиција по дојава од граѓани. Тој е казнет со 1.549 евра, а „украденото“ море морал да го врати во заливот во Трст.

Полициајта открила дека 48-годишниот германски државјанин кај населбата Баркола, близу дворецот Мирамаре во својот камион неовластено од Јадранското море испумпал 24.000 литри вода.

Германецот при испитувањето признал во полиција дека морската вода сакал да ја превезе во Германија за потребите на еден аквариум со морски риби.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток