Почна скринингот за ковид во основните училишта во Скопје
Од
Објавено на
Околу 5.000 родители дале согласност за нивните деца да бидат дел од скринингот за ковид на учениците во основите учлишта информираше Министерството за здравство.
Скринингот денеска почна во Скопје, продолжува в понделеник.
Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата во главниот град, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје.
Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука велат од Здравство.