Политичари, функционери и хејтери ќе има секогаш, ќе нема рецепт кој да ви препише, посочи доктор Лазаров


Доктор Ненад Лазаров кој од први март нема да работи во примарното здравство, по статусот на Менче Точи посочи дека за некоја година ќе нема кој да препише рецепт.
„Најалармантна информација од целава ситуација која мора да се потенцира е бројката од само 1400 и нешто матични лекари во цела земја, со катастрофална несоодветна дисперзија.
Се соочуваме со многу побро пропаѓање на системот заради одлив на кадар, 61-62 години просечна возраст на матичните лекари, а безмалку и да нема млади кои сакаат ова да го работат.
Политичари, функционери и хејтери по фб ќе има секогаш, ќе нема рецепт кој да ви препише, и тоа за само некоја година“, вели Лазаров.
