Актуелно

Дали сопственикот на инвеститорот „Дино 99“ е близок роднина на Илија Јованоски, прашува Стоилковски

СДСМ и Јавното обвинителство молчат за документиран криминал во Прилеп. Криминал за којшто директно е одговорен Илија Јованоски, поранешниот градоначалник од СДСМ во Прилеп, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ред се редат кривични, а јавните обвинители никаде ги нема глас да пуштат. Да потсетам, согласно закон, за соучество во дело се смета и со постапување но и со непостапување! Во вториот дел, како соучесништво!

Досега неколку пати посочивме јавно за случајот во Прилеп. Јованоски прво на нелегален начин променил инвеститор на парцела во центарот на градот, за потоа новиот инвеститор, фирмата „Дино 99“, да изгради дивоградба објект, надвор од рамките на дозволениот проект и сето тоа е документирано од градежните инспектори од општината.

Постапката во тој случај е јасна, решението за градба треба да биде ништовно. Но, наместо поништување, Илија Јованоски на нелегален начин дозволил да се изгради дивоградбата со обид за измена на проект во градба. Нормално, надвор од законот.

Уште еднаш, честитки за градежните инспектори што документирале криминал и постапиле по закон, без разлика на притисоците на Јованоски.

А, прашањето на коешто мора Јованоски да одговори е: Дали целиот овој криминал е направен затоа што сопственикот на инвеститорот „Дино 99“ е близок роднина на Илија Јованоски?

Дали можеби ова требало да биде нова семејна зграда во Прилеп?

Дали Јовановски во Прилеп криминално дозволил семејна зграда за свој роднина?

Почитувани,

Пример за криминално водење на локална самоуправа беше Прилеп, како и за владеење на криминалот во градот. Локалните власти на СДСМ владееја по теркот на фамилијата од Струмица, да се земе сѐ и да се богатат на грбот на граѓаните.

Но, ќе дојде ден кога ЈО и правосудниот систем ќе излезат од скутот на мафијата и правда ќе има за се’! Да не се повтори картели и фамилии да ја водат државата по принципот на СДСМ“, додава Стоилковски.

На почеток