Трагично загина скопјанец кој бил на риболов
Од
Објавено на
72-годишен скопјанец починал од струен удар, информира МВР. Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на делот од пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче, едно лице починало при повреда од струен удар.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за лицето С.Ц. (72) од Скопје, кој со трска за риболов ги допрел жиците.
Како што информираат од МВР, екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.