Скопје

Санкционирани 188 непрописно паркирани возила

Во текот на минатата недела на територија на Општина Центар со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје отстранети се 188 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 17.12. до 22.12.2018 година, санкционираа 188 непрописно паркирани возила, од кои две (2) возила биле затекнати на паркинг места за лица со посебни потреби.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните одбележани паркинг места со цел да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, велат од Општина Центар.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток